1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Црногорската полиција запленила еден тон кокаин

ЖА
27 август 2021

Црногорската полиција ноќеска пронашла и запленила преку еден тон кокаин во пратка со банани. Две лица се уапсени

https://p.dw.com/p/3zZ8R
Montenegro Podgorica | Kokain sichergestellt | Bananencontainer
Фотографија: Montenegro Police/AP/picture alliance

Полицијата на Твитер соопшти дека се уапсени две лица по пронаоѓањето преку еден тон кокаин, спакуван во 1200 пакети во контејнери со банани. Други детали засега не се соопштени. 

Црногорските медиуми пушуваат дека ова е досега најголемиот удар против нарко мафијата во оваа земја. Кокаинот бил откриен во повеќе складови во околината на главниот град Подгорица, пренесуваат медиумите.

Интернет изданието на весникот „Вјести“ јавува дека полицијата ноќеска ја блокирала околината на главната полициска централа пред таму да го пренесе кокаинот.

Црногорските кланови контролираат дел од шверцотна кокаин од Латинска Америка кон Европа. Тие се озлогласени според својата безобзирност и бруталност. Два картели од Котор со години водат жестоки меѓусебни пресметки низ цел свет. Убиства на ривализираните припадници на клановите се случуваа меѓу другото и во Германија, Австрија и Грција.

Куче експерт за пронаоѓање дрога и оружје