1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раскошот на поларната светлина

11 мај 2024

Поларна светлина над Националниот споменик на Шкотска во Единбург за време на најсилната сончева бура која ја погоди Земјата во последните две децении.

https://p.dw.com/p/4fjb1
поларна светлина Шкотска
Фотографија: Jacob Anderson/AFP

Поларната светлина можеше да се види од Тасманија до Велика Британија, а се заканува да предизвика пречки во работата на сателитите и електричните мрежи во текот на викендов.

За поларната светлина се одговорни т.н. сончеви бури. Поларната светлина во Земјината атмосфера настанува кога брзите, со електрицитет набиени, честички се исфрлаат од Сонцето, влегуваат во Земјиното магнетно поле, па забрзувајќи се кон Земјините магнетни полови се судираат со честичките на воздухот и ги поттикнуваат на емисија на светлина, најчесто на висина помеѓу 90 и 150 километри.